По седум години денеска повторно ќе биде отворен комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно во близина на Нерези. Нов концесионер е фирмата „Ла Тераца“ чија понуда беше избрана на најповолна на јавниот повик што го распиша Службата за општи и заеднички работи.
Оттаму информираа дека концесионерот е избран на законски и транспарентен начин, по пат на електронско јавно наддавање, преку системот со кој управува Министерството за финансии.
Комплексот „Македонско село“ се состоеше од 12 автентични куќи, со простории каде се претставени македонските занаети, а делови се користеа како хотелски соби и имаше ресторански дел.