По смирувањето на тензиите меѓу Кина и САД, берзите скокнаа

Глобалните цени на акциите нагло пораснаа минатата недела бидејќи инвеститорите беа охрабрени од смирувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина.

На Волстрит минатата недела, Dow Jones порасна за 3,4 отсто, на 42.654 поени, додека S&P 500 скокна за 5,3 отсто, на 5.958 поени, а индексот Nasdaq порасна за 7,2 отсто, на 19.211 поени. Тие индекси се зголемија најмногу во понеделникот, бидејќи САД и Кина постигнаа договор за привремено намалување на реципрочните царини на разговорите во Швајцарија минатиот викенд.

Цените на акциите пораснаа и на европските берзи минатата недела. Лондонски FTSE индекс зајакна 1,5 отсто, на 8.684 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,1 отсто, на 23.767 поени, а париски CAC за 1,8 отсто, на 7.886 поени.

Зачлени се на нашиот е-билтен