Австрија е убедливиот победник на Евровизија 2025 и по одлука на жирито и по гласовите на публиката.
23-годишниот уметник со австриско-филипинско потекло, познат по уметничкото име Џеј Џеј, вистинско име Јоханес Питш, е победникот на годинашнава Евровизија.
Пич стигна до нокаут-фазата на натпреварот, каде што беше менториран од членот на Black Eyed Peas will.i.am откако го импресионираше со неговата изведба на „Звукот на музиката“ на аудицијата. Еден од родителите на пејачот е Австриец и работи како информатичар, додека другиот е од Филипините и е готвач. Течно зборува многу јазици, покрај германскиот, Џеј Џеј течно зборува и англиски, француски, а исто така и тагалог, почитувајќи ги своите филипински корени.

Песната е компонирана од позната Србинка
Победникот на Евровизија во својот тим ја има и Теодора Шпириќ, која е една од авторите на песната, но и креативен директор на тимот.
Теодора е родена во Виена на 12 април 2000 година, по потекло е од Србија и има и австриско и српско државјанство. На домашната публика и е позната и по настапот на Евровизија 2020 година, кога со песната „Суден ден“ стигна до финалето и го освои 10. место.