29 годишниот Александар Гавриловски е 61-та жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Глигоровски се лекуваше во Литванија и бил пренесен итно со тешки повреди и изгореници.
Неговата состојба се влошила од 4 Април и бил ставен на дијализа. Денеска починал во 11 часот.
„Имаше 35% повреди изгореници по телото, оштетување на дишните патишта. За жал, неговата состојба беше критична цело време и беше во тешка состојба“, изјави Арбен Таравари министер за здравство.
Ова е вториот пациент којшто почина од вкупно 193, коишто се лекуваа надвор од државата, додаде министерот, истакнувајќи дека уште двајца пациенти и понатаму остануваат критични.Во моментов надвор од државата се лекуваат вкупно 66 пациенти, додека во земјава десет пациенти.
Погребот на Александар Карадакоски, кој е 60-та жртва во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, ќе биде утре на Градските гробишта во Кочани, тој почина минатиот петок во болница во Литванија поради тешки повреди и изгореници по телото.
Вкупниот број на осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани засега е 33-ца. Во 30-дневен притвор се 31 осомничен, двајца од осомничение се на болничко лекување.