Поранешнит градоначалник на Крива паланка, Борјанчо Мицевски почина на 53 годишна возраст. Како кадар на СДСМ ја водеше општината од 2017 до 2021 година.
Веста на социјалните мрежи ја соопшти лидеротна СДСМ Венко Филипче.
Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка, наш соборец и сопартиец. Тој на својот фб напиша.
„Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот. Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа.
Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците.
Нека почива во мир“, напиша Филипче.