Познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов почина денеска, а зад себе остави плодна и значајна кариера во македонската и регионалната музичка сцена.
Во текот на својата работа, Поп Симонов соработуваше со бројни истакнати уметници, меѓу кои се Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, „Фрајле“ и Алка Вуица. Неговата музичка продукција остави белег врз неколку генерации слушатели.
Во изјави на социјалните мрежи, неговите пријатели и соработници велат: „Човек кој допре, заигра и стопли милиони срца, денеска неговото не издржа. Тоше Поп Симонов ќе живее вечно преку своето дело.“
Погребот ќе се одржи во вторник, на 22 април 2025 година, на градските гробишта во Бутел. Граѓаните ќе може да му оддадат почит во капелата во Бутел, со почеток од 11:30 часот.