Група студенти го запреа возот кој сообраќа од Нови Сад до Белград. Со овој настан студентските протести се проширија и на периферијата на Белград. Студентите протестот го започнаа на плоштадот Славија на кој масовно им се придружија здравствени работнции, земјоделците, актерите, и илјадници други граѓани. Во моментот се блокирани сите централни улици.
Сите заедно бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад и гонење на насилниците кои со недели провоцираат на мирните блокади.
Студентите велат дека примарната цел на протестот е „да се испрати порака дека се незадоволни” и истакнаа дека денеска нема никој да се обрати.
Во несреќата во Нови Сад, каде се урна настрешницата на Железничката станица, загинаа 15 лица а двајца беа тешко повредени.
Во текот на предистражната постапка, Вишото јавно обвинителство сослуша повеќе од 100 лица и нареди полицијата да поднесе кривична пријава против 13 осомничени.
По рочиштето, судот одреди притвор за 11 осомничени и куќен притвор за две лица, а на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ неколку дена подоцна му беше укинат притворот.