Политиките на ВРЕДИ: Се тресеше гората, ќе се роди ли глушец?

Лидерите на ВРЕДИ вечерва на заеднички астал ќе се обидат да ги испеглаат разликите, за да продолжат заедно или пак, Алијансата на Арбен Таравари среќата за локалните избори ќе си ја испроба во друго јато.

Таравари пред средбата рече дека сите се загрижени но дека во ВРЕДИ ќе се преговара и понатаму.

„Преговараме, разговараме.  Има загрижености, очигледно е, но ние ќе продолжиме, денеска имаме редовна средба, преговорите во ВРЕДИ не запираат. Вечерва имаме средба на претседателите на ВРЕДИ, верувам дека работните групи ќе продолжат со работа и ќе успееме да најдеме заедничко решение кое би било прифатливо за сите, со цел да нема фрустрации и незадоволство во партиите кои го сочинуваат ВРЕДИ“, вели Арбен Таравари.

Ние сме посветени максимално и правиме се да ги задржиме партнерите во ВРЕДИ. Ние сме целосно отворени. Процесот на соработка во ВРЕДИ никогаш не бил статистичка операција или проценти кој колку зема, туку надеж која треба да ја продолжи промената понатаму.

Инаку Касами во интервју синоќа Таравари го нарече нула а тој пак рече дека тоа било лапсус и грешка во редоследот на речениците, кој како што рече не било со лоша намера.

Зачлени се на нашиот е-билтен