Полското Министерство за надворешни работи испрати нота до Амбасадата на Русија во знак на протест против воздушните напади врз Украина, при што е оштетена зградата на конзуларниот дел на полската Амбасада во Киев.
Министерството за надворешни работи испрати нота до Руската амбасада, во која остро протестира против воздушните напади врз украинското население. Тоа е спротивно на меѓународното право, а особено на Виенската конвенција од 1961 година, објави полското МНР на платформата Икс.
Во синоќешните руски напади врз Киев повредени се 26 лица, меѓу кои и 10-годишно, а оштетени се станбени згради, образовни институции, медицинска установа и инфраструктурата во неколку области на главниот град.