„Исус е роден во Витлеем кога Ирод беше крал на Јудеја“, велат преданијата и некои од евангелијата на апостолите.
Според тие извори, луѓето што ги проучувале ѕвездите дојдоа од исток во Ерусалим и се распрашуваа „Каде е бебето што треба да биде крал на Евреите?“ зашто како знак кој го потврдува раѓањето на Исус, ја видоа и ја следеа ѕвездата на исток за да дојдат до него за да му се поклонат.
Според овие извори мудреците од исток биле Балтасар од Арабија, Мелхиор од Персија и Каспар од Индија.
За ѕвездата што ја следеле постојат различни толкувања. Некои сметаат дека тоа била планетата Јупитер која тогаш била многу блиску до Земјата. За тројцата мудреци се вели дека ја познавале математиката, физиката и астрономијата и, поттикнати од преданието, ја набљудувале оваа планета за време на раѓањето на Исус.
Според други толкувања, Јупитер никогаш не се приближува до планетата Земја до толку за да се набљудува со голо око. За овие толкувања е поверојатно дека „Божиќната ѕвезда“ била, всушност, Халеевата комета и ја нарекуваат Ѕвездата на Витлеем.
Некои традиции ги нарекуваат мудреците кралеви. Во Стариот завет се опишуваат како кралеви кои ги носат своите дарови на голем владетел за да ѝ оддадат чест на Божјата светлина во Ерусалим
Тројцата мудреци имаат симболична улога во овој наратив за раѓањето на Исус. Доаѓајќи од исток, тие го претставуваат нееврејскиот свет кој доаѓа да му се поклони на новиот крал. Исто така, во споредба со скромните овчари и останатите кои ноќта кога се роди Исус беа во јаслите во плевната, тие претставуваат луѓе со различен статус во општеството.
Трите мудреците го дарувале Исус со злато, темјан и смирна, односно миро со кое се помазуваат мртвите.