Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Поплавени делови од Велика Британија, евакуација на домаќинства во Манчестер

Делови од Велика Британија се погодени од поплави, а неколку домаќинства се евакуирани на неколку места во областа на Манчестер.

Откако за два дена падна дожд колку просечни месечни врнежи, во делови од Манчестер автомобили беа поплавени до покривите, а беше прогласена и состојба на природна катастрофа.

Според полицијата, тимови за спасување на планина се распоредени во областа Манчестер за да им помогнат на пожарникарите во спасувачките операции на поплавените имоти и со заглавените возила.

– Се уште постои можност да има дополнителни поплави.Потенцијално очекуваме ситуацијата со поплавите да се влоши пред да се подобри, изјави метеорологот Том Морган.

Поради поплави и налетите на ветерот, беа откажани новогодишните прослави на отворено, како и огнометите во Единбург и во неколку други градови.

Зачлени се на нашиот е-билтен