Поради снежни бури и силни ветрови се откажуваат новогодишните прослави на северот на Европа

Еден од градовите во Обединетото кралство каде внимателно се следи временската прогрноза е Единбург. Таму, поради неповолната временска прогноза, градските власти веќе го затворија Божиќниот базар.

Поради обилните врнежи на снег и силните ветровите во Шкотска и делови од Англија се откажани голем број на новогодишни настани.

Денеска до доцна попладне метеоролошките власти издадоа портокалови предупредувања за дожд во Хајленд и Мореј, а жолти предупредувања за снег и дожд во Шкотска се до полноќ. Ваквото време доведува до нарушување на плановите на граѓаните за дочекот на Новата 2025 година.

Метеоролозите исто така предупредија дека поради силните ветрови кои можат да достигнат брзина до 110 километри на час во делови од Англија и Северна Ирска, можно е доцнење во сообраќајот.

И Градското собрание на Лондон соопшти дека „внимателно ја следи временската прогноза“.

Британската метеоролошка служба предупреди и на „за снежни виулици“, во северните региони Сатерленд и Кејтнес.

Зачлени се на нашиот е-билтен