Поради технички проблем на владиниот авион откажана посетата на Мицотакис во Бејрут

Поради технички проблем на владиниот авион што не можеше да се надмине до предвиденото време на тргнување и не можеше да се даде дозвола за полетување, посетата на премиерот на Либан е одложена за неколку дена, објасни портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервјуто за телевизијата „Опен“.

Посета на Бејрут на грчкиот премиер што беше закажана за денеска, се откажа и одложи за следните денови поради дефект на владиниот авион, а од кабинетот на Мицотакис, како што сабајлево обја МИА, информираа дека согласно известувањето од Генералштабот на воздухопловството, владиниот авион има техничка дефект и не е изводливо да се спроведе планираното патување на премиерот во Либан и додадоа дека посетата се одложува за следните денови.

Маринакис во интервјуто објасни дека проблемот на авионот бил откриен доцна синоќа за време на проби што се вршат ден претходно, а на прашањето зошто не заминал со друг авион, посочи дека постојат и посебни безбедносни причини, но и нагласи дека патувањето, кое е со висока симболика, ќе се реализира.

На вчерашниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада рече дека посетата на Мицотакис „има висока симболика и значење, бидејќи Кирјакос Мицотакис е првиот лидер на трета земја и членка на Европската унија што ќе го посети Бејрут по договорот за прекин на огнот и испраќа порака за стабилност и мир, како и порака за силната улога и присуство на Грција во регионот“

Планирано беше грчкиот премиер да се сретне со премиерот на Либан Наџиб Микати и претседателот на либанскиот Парламент Набих Бери. 

Зачлени се на нашиот е-билтен