Поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, обвинета за „системски напади“ врз демонстрантите

Обвинителството на специјалниот суд во Дака денеска ја обвини поранешната премиерка на Бангладеш, Шеик Хасина, за организирање „системски напади“ за време на задушувањето на протестното движење минатата година, а судењето започна во нејзино отсуство, јавија француските медиуми.

Хасина, наречена „Железната принцеза“, избега од својата земја во август минатата година по неколкунеделни масовни протести и побара засолниште во соседна Индија.

Според податоците на ОН, во задушувањето на овие протести беа убиени најмалку 1.400 лица.

Поранешната премиерка, која беше на власт од 2009 година, сега се гони за овие убиства и судските власти во Бангладеш побара нејзина екстрадиција од индиските власти, но досега не добиле никаков одговор.

-Откако ги разгледавме доказите, заклучивме дека станува збор за координирани, широко распространети и систематски напади врз демонстрантите, рече Мохамед Таџул Ислам, обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Бангладеш, во својот воведен говор на судењето на Хасина и други поранешни високи функционери поврзани со нејзината влада.

„Обвинетата ги мобилизираше сите органи за спроведување на законот и вооружени членови на нејзината партија (Народна лига) за да ги потисне протестите“, рече обвинителот. 

Зачлени се на нашиот е-билтен