Поранешниот руски заменик-министер за одбрана Тимур Иванов денеска е осуден на 13 години затвор поради корупција. Тој беше уапсен во април 2024 година под сомнение дека примал мито.
Повеќе од десет лица, меѓу кои и двајца поранешни заменици-министри се уапсени во серија истраги.
На Иванов, кој се изјасни за невин, му беа одземени и сите државни награди. Руските државни медиуми објавија дека вкупниот износ за кој е обвинет Иванов за проневера е 4,1 милијарда рубљи (48,8 милиони долари), од кои поголемиот дел во форма на банкарски трансфери на две странски сметки. Исто така, медиумите објавија дека осудениот Иванов и неговата сопруга поседуваат луксузен стан во центарот на Москва, трикатна вила во англиски стил во предградието на руската престолнина и голема колекција автомобили, вклучувајќи Бентли и Астон Мартин.
Неговото судење се одржа зад затворени врати врз основа на државна тајна.
Поранешниот подреден на Иванов, Антон Филатов, осуден е на 12,5 години затвор.