Потпретседателката на СДСМ, Шукова: Ние нудиме решенија со економски мерки, а не власта на Мицкоски

Потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, рече Владата со ниту еден чекор до сега не ги заштитила потрошувачите, наспроти секојдневниот раст на цените на храната. Според Шукова, од страна на власта предводена од ВМРО ДПМНЕ нема поддршка ниту на економијата. Од овие причини таа, потенцираше дека СДСМ предложиле сет од седум мерки, од кои првата е Предлог законот поднесен денеска во Собранието со којшто бараат да се направи интервенција на данокот за струјата и на основните прехранбени производи.

„Кога гледаме дека владата не реагира соодветно со сет на мерки кои што се очекувани, најавени, па одложени, се поставува и прашање кој управува со Владата. Можеби треба сите да си ја поставиме таа дилема и во таа смисла. Сетот на 7 мерки немаше да го предложевме ако видевме дека имаме добар инпут на владата во однос на состојбите кои што ни се случуваат де факто во државата. Ова се статистички податоци и не ги измисливме ние дека цените на храната се зголемени некаде и до 20 и 30 процент“, рече Каја Шукова од СДСМ, на ТВ Телма.

Шукова нагласи дека тоа дирекно ќе влијае парите да останат во џебот на граѓаните.

„За нас е непоимливо како во време кога има ниска инфлација од 2-3 %, да има енормно зголемување на цените и од 30%. Мислиме дека треба во овој момент да се заштитат граѓаните, како што ние тоа го правевме кога имавме инфлација и поголема од 15% и кога можеше да се дадат пакети и за граѓаните и за стопанството и успевавме да го одржиме буџетот стабилен, мислам дека оваа влада треба да го прифати овој предлог на СДСМ и на коалицијата и да им помогне на граѓаните, бидејќи очигледно е дека не може да се справат со овие цени“, рече Шукова.

Таа истакна дека законот за нефер трговски практики, како механизам кој ќе помогне во регулирање на цените е на сила, а не се имплементира.

„Граѓаните со месеци очекуваа по сите оние анализи што се прават, испекциите што влегуваат во маркетите, дека ќе има некаков сет на мерки, а владата не реагира со мерки, кои се очекувани, кои се најавени, па одложени, нагласи Шукова, додавајќи дека власта треба да им понуди решенија на граѓаните. Бидејќи власта не нуди решенија, ние нудиме решенија. ДЗС вели трошоците за живот пораснале за 4,9% проценти, сметките за струја имаат зголемување за 20 до 30 проценти без разлика што цената според регулаторна е покачена за еден. 48 проценти се зголеми цената на парното сето тоа удира на семејните буџети. И сите ние очекувавме врз основа на сите овие анализи кои што се прават дека ќе имаме некаков сет на мерки кои ќе ги понуди владата, а кои што ќе им помогнат на граѓаните“, посочи Шукова.

Зачлени се на нашиот е-билтен