Повеќе од 100.000 Авганистанци го напуштија Пакистан во новиот бран депортации

Десетици илјади Авганистанци го напуштија Пакистан откако почна последниот бран депортации на почетокот на април, јави ДПА.

Повеќе од 127.000 Авганистанци се вратиле во својата татковина од почетокот на месецот, соопшти денеска Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР).

Повеќето ја напуштиле земјата по своја волја соочени со заканата од депортација, додава агенцијата. Околу 26.000 биле депортирани.

Од истекот на рокот за доброволно заминување на крајот на март, пакистанските власти почнаа да апсат бегалци и да ги префрлаат во центри за депортација.

Долгорочно, владата во Исламабад планира да депортира три милиони Авганистанци. 

Зачлени се на нашиот е-билтен