Повеќе од 20.000 луѓе загинаа во 2023 година во Европа во сообраќајни несреќи. Како цел мал град. Ова значи 47 жртви во сообраќајот на милион жители. Сепак, додека некои земји како Германија и Шведска имаат ниски стапки на несреќи, ризикот од фатални сообраќајни несреќи во други земји е значително поголем.
Земји со мал број несреќи
Германија и Шведска се меѓу најбезбедните земји во ЕУ, објавува Index.hr, напишан од германскиот портал t-online.
Во Германија минатата година имало 34 жртви во сообраќајот на милион жители, додека Шведска била уште побезбедна со 22 жртви.
Земји со голем број несреќи
Она што се издвојува е дека ризикот од сообраќајки е поголем на југот и истокот од Европа. Во Словачка и Унгарија, бројот на жртви во сообраќајот е околу 50 на милион жители, што ги рангира меѓу десетте најнебезбедни региони. Најопасните земји за возачите во ЕУ се Бугарија и Романија.
Десет земји со највисоки стапки на несреќи:
Бугарија (82 жртви во сообраќајот на милион жители во 2023 година)
Романија (81)
Латвија (76)
Хрватска (71)
Португалија (61)
Грција (60)
Литванија (56)
Италија (52)
Полска (52)
Словачка (52)