Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Повторно тече вода од скопските чешми

Фото: Jeremy Kunz/Flickr

Водата повторно тече од чешмите во Скопје, откако денеска беа санирани дефекти и променети пет затворачи низ главниот град.

Санирањето на дефектите и модернизирањтео на главниот цевковод во Скопје се реализираше во планираните и најавени 15 часа од страна на ЈП Водовод и канализација.

Како што велат одговорните, денеска биле санирани пропусти поради кои скопскиот водовод трпел огромни загуби на вода изминативе 20 години.

Еден од поголемите дефекти кои се поправаа денес беше и на улицата Никола Парапунов во Карпош 4, каде што претходно десетина дена истекуваше вода и ги поплавуваше соседните улици.

Акцијата започна во раните утрински часови, со празнење на магистралниот водовод на критичните точки.

На акцијата за поправање на дефектите и модернизација на водоводот работеле повеќе од 160 вработени во ЈП Водовод и канализација – инженери, водоинсталатери, техничари и оператори.

Модернизацијата опфати репарација на шест клучни сегменти, вклучувајќи:

  • Замена на пет воздушни вентили и затварачи на булевар Партизански одреди.
  • Реконструкција на затварачи на мостот Обединети Нации, Порта Влае, и улицата Никола Парапунов.
  • Замена на главниот затварач Ф700 на раскрсницата со булевар Партизански одреди.

Со овие зафати значително се подобрува водоснабдувањето и притисокот во општините Ѓорче Петров и Карпош, како и ефикасноста на целиот систем.

Зачлени се на нашиот е-билтен