Не стивнуваат пожарите во Лос Анџелес. Според Би-Би-Си, избувнал пожар во Холивуд Хилс, во близина на кањонот Ранион. Овој кањон и Холивуд Хилс се меѓу најпознатите делови на Лос Анџелес, бидејќи таму е и локацијата на култниот симбол на Л.А. – Холивудскиот знак. во овој дел се домовите на најпознатите луѓе во Америка.
Меѓу познатите личности кои ги загубиле своите домовите во шумските пожари се и Парис Хилтон и Били Кристал.
Во објава на Инстаграм, Хилтон напиша:
„Седам со моето семејство и гледам на вести како нашиот дом во Малибу гори до темел. Ова е нешто што никој никогаш не треба да го доживее“.
Актерот Били Кристал за Си-Ен-Ен изјави дека му се ‘скршило срцето’. „Не се опишува со зборови низ што поминуваме“, изјави познатиот холивудски актер.
Според Би-Би-Си, пожарот во Холивуд Хилс, предизвика нова евакуација и дека зафатил околу 10 хектари.
Во меѓувреме американските медиуми ја објавија веста дека поради пожарот е одложено и објавувањето на номинациите за претстојните Оскари, па така намест на 17 јануари, огласот ќе излезе на 19 јануари.
На исток, во подножјето на планините Сан Габриел, пожарот Итон изгоре над 4.289 хектари и уби најмалку пет луѓе. Приватниот прогнозер AccuWeather почетнаташтета ја процени на повеќе од 50 милијарди долари.
„Се соочуваме со историска природна катастрофа. И мислам дека тоа не може да се опише доволно силно“, рече на прес-конференција Кевин Мекгован, директор за управување со итни случаи за округот Лос Анџелес.
Пожар ја погоди и луксузната крајбрежна енклава Пацифик Палисадес, каде што огнот зафати 6.406 хектари. Инаку Пацифик Палисадес, кој се наоѓа меѓу ридовите и има спектакуларен поглед, е дом на многу филмски, телевизиски и музички sвезди, како што се Џејми Ли Кертис, Менди Мур и Марк Хамил, кои беа принудени да ги напуштат своите домови.. Оваа енклава е една од најскапите во земјата. Пожарите избувнаа во специфично време за Јужна Каролина каде допрва треба да бидат забележани врнежи.