Правниот факултет на Универзитетот во Белград „најостро“ го осуди нападот врз неговиот студент Петар Живковиќ и ги повика властите да реагираат „без одлагање“.
Од МВР претходно потврдија дека студентот бил нападнат рано утринава, додека студентите во блокадата најавија протест.
Во соопштението на својата веб-страница, Правниот факултет наведува дека „сè почестите напади врз нивните студенти и вработени се јасен показател за голема социјална криза“.
Затоа, како што наведоа, сметаат дека е „последен момент“ да стигнат апели од сите релевантни адреси за намалување на тензиите и прекин на секакви форми на насилство.
Во соопштението тие „уште еднаш“ ги повикаа државните органи „да реагираат без одлагање и најстрого да ги казнат сторителите“, со што се надеваат дека ќе ги „разубеди другите сторители на вакви тешки кривични дела“.