Разногласие во владината коалиција ВМРО-ДПМНЕ – ВРЕДИ. Додека премиерот Христијан Мицкоски, меѓу редови најавува дека не верува оти во блиска иднина Македонија ќе стане членка на ЕУ, првиот заменик – претседател на Владата, Изет Меџити од Тирана, уверува дека власта прави се за да се остане на европскиот пат. Неодамна високиот функционер во Владата, пак, Арбен Таравари отиде и чекор понапред, рече дека пред Нова година земјата ќе ги спроведе уствните измени за вклучување на Бугарите во Уставот.
На ваквото тврдење на Таравари, стигна демант и тоа директно од неговиот шеф, премиерот Мицкоски. Тој пред камерите, веднаш по поставувањето на камен темелникот за надградба на ООУ Ацо Шопов во скопската населба Радишани, изјави дека не знае дали е можно да се направи некаков исчекор, во евроинтеграциите до крајот на годината, но дека знае оти Уставни измени не се планирани.
„Тоа сигурно не се планира. Не знам дали е можно да се направи некаков исчекор, но знам дека ќе сториме се што е во наша моќ да се обидеме нашето прашање да го претставиме онака како што е, пред сите светски авторитети. И тоа го направивме во изминатиот период. Дали ќе има некаков напредок – не знам, дали ќе има промена на нашата позиција – нема да има.“, порача Мицкоски од Опшитна Бутел.
Мицкоски најави дека за помалку од две недели ќе има посети и средби во Брисел, но и дека на крајот од декември ќе има самит ЕУ – Западен Балкан на кој ќе присуствуваат канцеларот Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и други авторитети од ЕУ, најавувајќи дека:
„Ќе се бориме и битно е да победуваме“, рече Мицкоски.
„