Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Преку 230 илјади луѓе побегнале од зголеменото насилство во ДР Конго

Повеќе од 230.000 луѓе побегнале од зголеменото насилство во источниот дел од Демократска Република Конго од почетокот на годината, соопштија денеска ОН означувајќи ја како една од „најалармантните“ хуманитарни кризи во светот.

Источните провинции Северен и Јужен Киву, богати со ресурси, се погодени од конфликти веќе три децении, при што М23 поддржани од Руанда се појави како една од најмоќните вооружени групи во последниве години.

Сметано за „терористичко движење“ од Киншаса, М23 зазеде огромни територии во источна ДР Конго од 2021 година и претходно овој месец ја презеде контролата врз градот Масиси во Северен Киву.

„Ескалацијата на судирите меѓу вооружени групи и војската на Конго во провинциите Северен и Јужен Киву ја интензивираат една од најалармантните, но сепак недоволно пријавени хуманитарни кризи во светот“, изјави Еуџин Бјун, портпаролка на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР.

Конфликтот, предупреди таа, бил „обележан со широко распространето кршење на човековите права и масовно принудно раселување“.

Бјун рече дека интензивните борби во териториите Масиси и Луберо принудиле околу 150.000 луѓе да ги напуштат своите домови само меѓу 1 и 6 јануари.

Многу илјади се вратија дома за време на привременото затишје на 4 јануари, но беа принудени повторно да избегаат неколку дена подоцна бидејќи избувнаа нови борби, соопштија ОН. 

Зачлени се на нашиот е-билтен