Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Преку 6 илјади затвореници избегале од затвор во Мозамбик

Најмалку 6.000 затвореници избегале од затвор во Мапуто, главниот град на Мозамбик, каде има ескалација на немирите, соопшти полицијата.

Триесет и тројца затвореници се убиени, а 15 се ранети во судирите со стражарите, се додава во соопштението.

Затворениците избегале за време на насилните протести во Мапуто предизвикани откако Уставниот совет на Мозамбик ја потврди победата на владејачкото Движење Фрелимо на изборите.

Граѓаните вчера уништуваа полициски станици, автомобили и јавни згради, а бегството почна на иницијатива на „група субверзивни демонстранти“ кои се собраа пред Централниот затвор во Мапуто.

Затворениците ги земаа пиштолите на чуварите и се ослободија меѓусебно, вклучително и 29 осудени терористи, соопшти полицијата во Мозамбик, што предизвика загриженост кај државните власти и безбедносните сили.

Видеата на социјалните мрежи го покажуваат моментот кога затворениците го напуштиле затворот, а властите ги повикуваат да се предадат и да се вратат во ќелиите, додека некои биле фатени.

Зачлени се на нашиот е-билтен