ВМРО ДПМНЕ,ЗНАМ и ВРЕДИ дојодо на власт со една силна кампања на напади врз Договорот со Бугарија, на заклучоците од Францускиот предлог рече Претседателот на опозициската СДСМ на денешна прес конференција, но тој потсети дека за ниту еден од овие документи за време на гласањто во Собранието не беа против. Наместо тоа правеа кампања и излегуваа од салата.
„Ние направивме максимум што можеше. Сметам дека е јасно потврден идентитетот, со македонскиот јазик веќе потпишавме договор со ЕУ. Но легитимно е Владата да бара доплнителни гаранции. Еден од аргументите беше дека во Софија сеуште нема политичка Влада. Еве сега има и апсолутно го подржувам премиерот да побара час поскоро средба со политичката Влада, со претставниците и со премиерот во Бугарија за и тој дел конечно се расчисти. Да видиме дали можеме или не можеме да добиеме некакви дополнителни гаранции. Ќе го подржиме било кој подобар предлог. Апсолутно било која форма на доплнителни гаранции. Но тоа нека се случи час поскоро затоа што времето поминува, Албанија и Црна Гора со крупни чекори одат напред.
Инаку според Филипче Владата сериозно доцни со реализација на реформската агенда. Треба стратегија за железнички транспорт, а не гледаме дека е на повидок.