Претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши, оствари средба со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој престојува во дводневна официјална посета на Република Северна Македонија
По церемонијата на свечен пречек со високи државни и воени почести, двајцата претседатели остварија куса тет-а-тет средба, по што што следеше официјалната средба, на која присуствуваа и потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, претседателката на Пратеничката група за соработка со парламентот на Република Хрватска, Благица Ласовска, пратеникот Ријад Шаќири и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска
Претседателот Гаши посакакувајќи му топло добредојде на својот колега Јандроковиќ, истакна дека посетата е показател на пријaтелските односи меѓу двете држави, кои се сега и сојузници во НАТО, а упати и благодарност за континураната и силна поддршка што Република Хрватска ја дава на европската перспектива на нашата земја
Претседателот на Хрватскиот Сабор се осврна на пријателскте односи и на успешната соработка во многу полиња од заеднички интерес, нагласувајќи дека секогаш има простор за унапредување на економската соработка и на трговската размена.
Тој ја повтори цврстата подршка за нашата евроинтеграција, потсети дека за време на првото претстедавање на Хрватска со Европската Унија беше донесена одлука за отворање на преговорите со нашата држава и изрази надеж дека во скоро време тие ќе започнат и по кластери.
На средбата беа споделени искуства за патот на Хрватска кон Европската Унија, а беа разменети и мислења за актуелните случувања на меѓународната сцена
Двајцата соговорници изразија надеж дека оваа посета ќе придонесе за поголема динамика и ќе поттикне и други форми на парламентарна соработка
На крајот, претстедателот Јандроковиќ му упати покана на претстедателот Гаши да ја посети Република Хрватска, која тој со задовоство ја прифати.