Примопредавање на инстаграм кој го шокираше светот: Мерц наследи 256.000 следбеници од Шолц!

Поранешниот канцелар му остави во завештание 256.000 следбеници на новиот канцелар.

Официјалниот Инстаграм профил беше префрлен од поранешниот германски канцелар Олаф Шолц на сегашниот Фридрих Мерц, па така и примопредавањето на должностите беше извршено на оваа социјална мрежа.

Ова значи дека од денес сите оние што го следеа Шолц автоматски ќе го следат – Мерц.

Новиот канцелар сè уште не се обратил до јавноста преку Инстаграм, на кој Шолц остави зад себе 256.000 следбеници.

Зачлени се на нашиот е-билтен