Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Приватните превозници ни утре нема да возат по скопските улици

Приватните превозници и утре нема да возат, автобусите ќе останат во гаражите,  изјави вечерва, Јовица Зафировски, претставник на превозиците. 

Одлуката е донесена на координацијата на превозниците кои  денеска попладне ги исклучија автобусите од сообраќај во знак на револт откако и на денешната седница на Град Скопје не беше разгледно нивното барање за зголемување на таксата по километар. 

Дел од приватните превозници повторно се вклучија во јавниот градски превоз на почетокот на неделава. Нивните претставници  викендот изјавија дека во сообраќај ќе се вклучат оние  кои имаат финансиски можности и апелираа до градоначалничката Арсовска, советниците и Владата на заеднички состанок да најдат заеднички прифатливо решение за нивното барање за зголемување на цената за изминат километар.

Зачлени се на нашиот е-билтен