Авио сообраќајот и утрово се соочува со проблеми поради густа магла на скопскиот аеродром. Во моментов авион од Лондон на компанијата Виз Аир кружи над Скопје и не може да слета поради намалена видливост.
По неколку обиди тој најверојатно ќе биде пренасочен кон соседството.
На офицјиалната страница на скопскиот аеродром, може за се забележат доцнења на авионите од Цирих и Истанбул, кои требаше да слетаат во 08:05, односно во 09:00 часот. Тој од Истанбул се очекува да слета во 11:40, додека од Цирих во 12:24 часот.
Тоа го поместува и редот на полетувања, па така обратно од Скопје кон Цирих, наместо во 08:55, се очекува да полета во 13:30, додека тој кон Истанбул наместо во 10:00, ќе полета во 13:45 часот.
Има и еден откажан лет, од Скопје до Измир, но не е познато која е причината за неговото откажување.