Највисока инфлација, според податоците на Euromonitor International Macro Model, се очекува во Аргентина, од 54 отсто.Следува Турција со инфлација од 31,5 отсто, Иран 27 отсто, Нигерија 25,2 отсто и Египет 17,1 отсто. Најниска инфлација во 2025 година се очекува во Швајцарија, само 0,8 отсто, пренесува Мина Бизнис.
Минатата година, Аргентина беше рекордер по инфлација, која изнесуваше неверојатни 300 проценти годишно, цените едноставно експлодираа, пренесува Biznis.rs. Изгледите за декември и јануари покажуваат дека таа може да биде многу пониска оваа година. Една од главните цели на аргентинската влада е да ја намали инфлацијата што ја мачи економијата.Има одредени прогнози дека годинава би можело да биде и пониско од претходно наведеното, со економски раст од четири отсто.