Професор Марковски: Во Македонија доаѓа време на реконструкција на старите дотраени мостови

Деканот на Градежниот факултет во Скопје Горан Марковски, a кој работеше на проектoт за безбедност и реконструкција на Мостот кај Башино Село на еден од влезовите во Велес и кој со својот тим ја следи санацијата на овој мост при денешната посета на Велес  потенцира дека одржувањето на мостовите е многу важен елемент за трајноста  на мостовски конструкции и потенцира  дека тие како градежни стручњаци затоа  секојдневно се во постојан контакт со ЈПДП. Тој со жалење констатира дека најголем дел од 1300 -те мостови во земјава се веќе дотраени и им е неопходна реконструкција.

„Заедно со ЈПДП работиме на  воведување на нови начини за следење на мостовите, а во таа насока и за првпат воведен и 24 часовен мониторинг на мостот кај Башино Село. Воедно и за набавка на најсовремена опрема за да може најпрецизно да ја утврдиме состојбата на 1300 мостови во земјава, а со кои стопанисува државата“, појасни професор Марковски .

Тој констатира  дека доаѓа време на санации, а  особено на мостовските конструкции. Тоа бидејќи голем дел од мостовите во Македонија навлегуваат во сериозна возраст каде што се јавува потреба од превземање мерки, а во најмала мерка на нивно следење,

„За тоа треба знаење, искуство и желба. За знаење ни требаат млади  градежни инженери, а за тоа треба да се подигнат уписите на Градежниот факултет во Скопје, а затоа што без младите инженери доведено е  и функционирањето на државата“, нагласи Марковски.

По ова прашање директорот на ЈПДП  Коце Трајановски појасни дека на мостовите во земјава во  минатото не им било обрнато соодветно внимание и грижа.

„Затоа испитавме 1.300 мостови во земјава каква е нивната состојба. Од нив, 97 се детектирани како мостови кои треба да се поправаат, а од нив 19 се поризични. За овие 19 работиме на технички решенија за санација. Очекувам дека до септември ќе бидат готови решенијата. Проектот е финасиран од Светска банка. Потоа останува да процениме кои се приоритените за да ги ставиме во програма и побрзо да бидат реконструирани“, најави Трајановски. 

Инаку од ЈПДП информираат дека  имаат  воведено таканаречен BMS систем за управување со мостови (Bridge Management System), како составен дел од системот за управување со патишта со кој е извршен попис и преглед на состојбата на над 1300 мостови на патиштата во државата. При тоа  се изготвени детални извештаи и се поставени и гео-лоцирани во базата на податоци за патиштата, и претставени на WEB – GIS апликација.

Од таму појаснуваат дека согласно со утврдената состојба, одредени се најкритичните точки на мостовите, за кои што е изготвен план за инвестиции на мостовите, за кои што за оптимално одржување се издвојуваат средства во годишните планови на ЈПДП. 

Зачлени се на нашиот е-билтен