Во „ЕУ Инфо куќа“ во Тетово денеска беа презентирани можностите кои ги дава Програмата за дигитална Европа (ДИГИТАЛ), односно фонд од 7,5 милијарди евра на европско ниво за проекти посветените на дигиталната трансформација на општествата.
Граѓаните и институциите може да аплицираат во четири областа вештачка интелигенција, суперкомпјутери, проекти за напредни дигитални вештини, како и за напредни дигитални технологии.
За можностите од програмата, зборуваше евроамбасадорот Михалис Рокас.
– Инвестицијата во дигиталната трансформација ги засега сите елементи во животот, не само администрацијата, општините, исто така и граѓаните и бизнисите, а факт е дека е инвестиција која никогаш нема да биде изгубена. Треба да биде инвестиција во овие клучни моменти и треба да биде систем кој е достапен за сите како за луѓето кои носат одлуки но и да биде алатка која ќе го олесни секојдневниот живот на граѓаните околу документи, печати, сертификати. Ваквиот систем е воедно алатка на Владата со која ќе се бори против корупција, рече Рокас.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски рече дека Владата во рамки Програмата за дигитална Европа (ДИГИТАЛ) веќе има потпишано грант договор со Европската Унија за основање на Национален центар за побезбеден интернет.
– Исклучителен фокус, како Министерство ставивме и на воведувањето на дигитални лични карти и возачки дозволи преку ID Wallet системот – технологија која е веќе стандард во најразвиените европски земји. Паралелно со тоа, интензивно работиме на неколку законски текстови што се поврзaни со овие процеси.