Во Одделението за персонализација при Министерствотото за внатрешни работи денеска беше промовирана новата машина за печатење на лични документи. МВР веста ја соопшти преку соопшение.
Со новата машина за печатење на лични документи треба тројно да се зголеми капацитетот и да се забрза издавањето на документите.
Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава Министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен престој.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски рекол:
„Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните, туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин. Целосно сме посветени на креирање на брзи и квалитетни услуги за граѓаните преку унапредување и дигитализација на процесите и услугите. Граѓаните заслужуваат да добиваат брзи и ефикасни услуги од своите институции“, рекол Тошковски.