Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пронајдена кеса со плински боци пред објектот на Фондот за социјално осигурување во Атина

Мали плински боци и шишиња со запалива течност, содржела сомнителната кеса што утрово беше пронајдена пред објектот на Фондот за социјално осигурување во атинска населба, по што беа евакуирани вработените и затворена улицата, јави дописничката на МИА од Атина.

Пред објектот пристигнаа припадници на Секторот за неутрализација на експлозивни направи на грчката полиција, кои ја зедоа кесата за да ја достават до Управата за криминалистички истраги со цел да се изврши дополнителна проверка, но и дали има некакви отпечатоци или генетски материјал.

Зачлени се на нашиот е-билтен