Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пронајдена втората црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан

Втората црна кутија е пронајдена на местото на авионската несреќа што се случи вчера во близина на градот Актау на западниот дел на Казахстан, изјави окружниот сообраќаен обвинител на Мангистау, Абилајбек Ордабаев.

„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференција.

Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.

Зачлени се на нашиот е-билтен