Полицијата на островот Мауи на Хаваи води истрага откако во длабнатина на авион на Јунајтед Ерлајнс, кој слетал на островот, било пронајдено мртво тело, соопштија од авиопревозникот и од полицијата.
Телото било пронајдено во ниша до тркалото на авионот на летот 202, кој пристигнал од Чикаго во вторникот, соопшти Јунајтед ерлајнс.
Авиокомпанијата забележала дека пристапот до нишата е можен само од надворешната страна на авионот и засега е нејасно како и кога лицето се нашло таму.
Во изјавата на полицискиот оддел на Мауи се наведува дека службата „активно го истражува“ случајот со пронајдокот на телото.
Ниту авиокомпанијата, ниту полицискиот оддел не дале дополнителни информации, јавуваат американските медиуми.