Македонската женска фудбалска репрезентација одигра вечерва во Рига нерешено 1-1 против домаќинот Летонија во својот последен натпревар во рамки на Ц дивизијата во Лигата на нации.
Избраничките на селекторот Александар Андов го освоија првиот со кој останаа на последното место во групата Ц 6, откако претходно претрпеа два порази од Косово, а загубија и од Летонија во Скопје.
Македонија на гостувањето во Рига дојде во предност во 16 минута со голот на Симона Мајер, а домашниот тим преку Олга Шемцова го израмни резултатот во 65 минута.
За македонските фудбалерки ова беше второ учество во Лигата на нации во која сè уште чекаат на премиерната победа.