Прва посета на шефот на германската дипломатија на САД

Новиот министер за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул утре ќе отпатува во прва посета на САД, каде на 28 мај е предвидена средба со американскиот државен секретар Марко Рубио.

– Разговорите со Рубио, закажани в среда, ќе бидат фокусирани на германско-американските односи, поддршката на Украина против Русија, како и трансатлантската безбедносна и одбранбена политика, изјави портпаролот на германското Министерство за надворешни работи.

Тој додаде и дека Вадефул и Рубио ќе разговараат и за Блиски Исток и за трговските односи помеѓу Европска Унија и САД. 

Зачлени се на нашиот е-билтен