Прва пратка пченица пристигнува во Латакија по соборувањето на Асад

Пратка од 6.600 тони пченица со брод пристигна во сириското пристаниште Латакија, што е прва ваква пратка по соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад на 8 декември минатата година, соопшти денеска сириската влада.

Во соопштението се наведува дека увозот на пченица и други основни производи не подлежи на санкции на Соединетите Американски Држави и Обединетите нации.

Регионална трговска компанија соопшти пратката со пченица била испратена од Русија.

Зачлени се на нашиот е-билтен