Вкупно 47 пратенички кои добија мандат на ланските парламентарни избори се дел од новиот состав на Клубот на пратеничички, кој се конституира денеска – со едногласен избор на Јована Тренчевска за претседателка, по што, со консензус, беше изгласано и новото претседателство.
Во новиоизбраното Претседателство на Клубот на пратенички има претставнички од сите пратенички групи застапени во законодавниот дом, кои, во текот на конститутивната седница, ги реафирмираа заложбите за продолжување на натпартиската битка против сите форми на дискриминација и за унапредување на родовата еднаквост.
Од редовите на Претседателството, а на предлог на новоизбраната претседателка Тренчевска, беше избрана и заменик-претседателка на Клубот на пратенички. Таа позиција ја доби пратеничката Силвана Ангелевска.
Пратеничките ги поздрави претседателот на Собранието Африм Гаши, кој, во своето обраќање, нагласи дека ниту едно општество не може да се нарече праведно и развиено ако не гарантира еднакви можности за жените и за мажите. Општество кое не обезбедува родова еднаквост, рече тој, не го искористило својот полн капацитет и потенцијал и како резултат на тоа, неговиот развој е ограничен.