Првото гласање за новиот папа во Ватикан: Црн чад од оџакот на Систинската капела

Како што се очекуваше, првата вечер кардиналите не се согласија и го избраа наследникот на папата Франциск

Црниот чад од оџакот на Систинската капела што беше виден на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан означуваше дека кардиналите не се согласиле и дека нов папа не е избран на првиот ден од конклавата.

Се очекуваше сто триесет и трите кардинали што учествуваат во изборот на папата да не постигнат договор на првото гласање, а конклавата продолжува утре кога кардиналите ќе гласаат четири пати.

Иако беше предвидено дека првото гласање ќе заврши до 19:00 часот, црниот чад се појави дури во 21:00 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен