Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Путин го поканил Вучиќ во Москва

Претседателот на Русија, Владимир Путин, го покани неговиот српски претседател, Александар Вучиќ, да ја посети Москва по повод прославата на 80-годишнината од победата во Втората светска војна, што ќе се одржи на 9 мај 2025 година, пренесе РТС.

„Ве поканувам да учествувате на свеченостите по повод 80-годишнината од победата во Големата патриотска војна, што ќе се одржи во Москва на 9 мај 2025 година“, стои во поканата на претседателот Путин до претседателот Вучиќ.

Како што се додава, тој важен датум го симболизира крајот на најстрашната војна во историјата на човештвото.

„Ние оддаваме длабока почит кон херојството на нашите татковци и дедовци и ги поклонуваме главите пред бројните жртви на нацизмот. Убеден сум дека сочувувањето на сеќавањата за големата победа ќе ја зацврсти заедничката одлучност да се спротивставиме на било кои манифестации на неонацизмот и ќе ја зголемиме конструктивна соработка со цел да се обезбеди мир и безбедност на планетата. Ќе бидам искрено среќенда ве видам во Москва“, напишал Путин.

Вучиќ и Путин последен пат телефонски разговарале на 20 октомври годинава, по што српскиот претседател на новинарите им рекол дека Путин го поканил да присуствува на 80-годишнината од победата над нацизмот како претседател на 9 мај следната година.

„Путин ме покани однапред, бидејќи денес е 80-годишнината од ослободувањето на Белград, да присуствувам на 80-годишнината од победата над нацизмот како претседател на Република Србија на 9 мај“, рече тогаш Вучиќ.

Во октомври, Вучиќ потврди ќе присуствува на комеморацијата на 80-годишнината од победата над фашизмот на Црвениот плоштад во Москва.

Последната средба на двајцата претседатели беше на 17 октомври 2023 година во Пекинг.

Зачлени се на нашиот е-билтен