Советникот на рускиот претседател за надворешна политика Јуриј Ушаков денеска изјави дека Владимир Путин и премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 9 мај во Москва ќе разговараат за билатерални прашања и ситуацијата во Украина.
– Ќе разговараат за билатерални прашања и за меѓународни теми, вклучително и ситуацијата во Украина, наведе Ушаков.
Тој додаде дека Словачка се залага за „зачувување на историската вистина за настаните од Втора светска војна, за улогата на Русија во ослободувањето на Словачка и Европа од нацизмот и за почитување на сеќавањето на загинатите војници на Црвената армија“.
Фицо последен пат ја посети Москва кон крајот на минатата година.