Путин одби предлог за примирје – Западот најавува заеднички чекори

Францускиот претседател Емануел Макрон објави на „X“ дека Владимир Путин повторно го отфрлил предлогот на САД за безусловно примирје, кое го поддржаа Украина и европските земји. Макрон ја даде изјавата по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, во кој учествуваа и Зеленски, Стармер, Мерц и Туск, веднаш по денешните разговори во Истанбул.

„Со одбивањето на примирје и дијалог со Украина, Русија покажува дека не сака мир и само се обидува да купи време со продолжување на војната“, рече Макрон.

Тој додаде дека Европа, САД и коалицијата на сојузници ќе продолжат да координираат заеднички одговор, пред самитот на Европската политичка заедница во Тирана.

Зачлени се на нашиот е-билтен