Рацин.мк дознава дека на седница на Владата се донесени одлуки за распоредување на нови дипломатски претставници на нашата земја во неколку амбасади и конзулати.
Според информациите што стигнаа до Рацин.мк, за амбасадор во Стокхолм (Шведска) поминала одлуката за Ивица Боцевски, за амбасадор во Тирана (Албанија) Веле Трпевски и Фадил Зендели за амбасадор во Копенхаген (Данска).
За генерален конзул во конзулатот на Северна Македонија во Детроит, САД е назначен Зоран Дабиќ.
Напоменуваме дека оваа информација не е потврдена и официјална. За да ја провериме оваа информација, редакцијата на Рацин.мк испрати прашање до Министерството за надворешни работи и меѓународна трговија, од каде што очекуваме одговор.
Во меѓувреме пристигна и одговорот на нашето прашање од Министерството за надворешни работи и меѓународна трговија. Во него се вели:
Согласно вашето новинарски прашање, Ве информираме дека станува збор за класифициран податок, донесен на затворена седница на влада.