Во време кога трошоците за живот во градовите стануваат повисоки, храната е послаб квалитет, а луѓето се поотуѓени, многумина бараат алтернативни места за живеење.
Меѓу нив е и Антонела од Загреб, која неодамна се преселила на Сицилија и открила сосема поинаков свет – во кој, како што вели, лесно се дише, а уште полесно се живее.
Нејзиното искрено сведочење стана вирално бидејќи покажува дека животот во Европа може да биде и достапен и исполнет, особено во делови кои често се неправедно запоставени.
Кафе и појадок – мал трошок, големо задоволство
Антонела објаснува дека може да плати само 2 до 3 евра за кафе и кроасан наутро во локален бар. Еспресото чини помеѓу 1 и 1,50 евра, капучиното обично е од 1,20 до 2 евра, додека кроасанот е од 1 до 2 евра, во зависност од филот и локацијата. Во маалските кафеани и помалите места цените се уште поповолни.
Кирија – нешто што повеќе не постои во Скопје
Еднособен стан во центарот на сицилијанскиот град може да се изнајмува од 300 до 500 евра, а надвор од центарот од 200 евра месечно. Антонела живее во Алкамо, каде што трошоците се многу пониски отколку во Палермо, Катанија или Сиракуза. Во помалите градови како Рагуза, Ена или Калтанисета, цената на киријата дополнително се намалува.
Вкупни трошоци – убав живот за 1.000 евра месечно
Според пресметките на Антонела, месечните трошоци за едно лице изгледаат вака:
Храна и намирници: 200-300 евра
Комуналии (струја, вода, интернет): 100–150 €
Јавен превоз (месечен билет): 35-45 евра
За удобен и мирен живот на Сицилија, доволни се 700 до 1.000 евра месечно – што е помалку отколку што многу граѓани на Србија плаќаат само за кирија во поголемите градови.
Природа како од бајка
Антонела живее во Алкамо Марина, на брегот со долги песочни плажи и тиркизно море. Во близина е и Сан Вито Ло Капо, плажа која личи на Малдиви. Љубителите на природата можат да го истражуваат Riserva dello Zingaro, со бројни пешачки патеки, скриени заливи и недопрени пејзажи.

Историја на секој чекор
Сицилија е вистински музеј на отворено. Во близина на местото на Антонела се наоѓаат Сегеста и Селинунте – антички грчки градови со храмови и амфитеатри. Малку подалеку е познатата Долина на храмовите во Агриџенто, едно од најважните археолошки локалитети надвор од Грција.
Антонела живее во Алкамо Марина, на брегот со долги песочни плажи и тиркизно море. Во близина е и Сан Вито Ло Капо, плажа која личи на Малдиви. Љубителите на природата можат да го истражуваат Riserva dello Zingaro, со бројни пешачки патеки, скриени заливи и недопрени пејзажи.
Сицилија е оддалечена околу 1.300 километри од Србија, што значи дека со авион се стигнува за околу два часа, а има бројни авио линии од Белград, Ниш или Загреб до Палермо и Катанија.
Во време кога многумина бараат поквалитетен, помирен и поздрав живот, искуството на Антонела покажува дека такво место навистина постои. А ако се земе предвид дека просечниот животен век на Сицилија е 81,6 години, можеби овој остров навистина ја чува тајната на долговечноста.