Претседателката на Косово, Вјоса Османи, го одреди 12 октомври 2025 година за редовни локални избори. Оваа одлука е донесена по разгледување на предлозите на политичките субјекти, како и по целосна анализа, согласно уставните и законските рокови.
„Одредувањето на овој датум има за цел да овозможи целосна подготовка на изборниот процес од страна на одговорните институции, вклучително и Централната изборна комисија и другите релевантни институции, со цел почитување на највисоките стандарди на изборната администрација“, се вели во соопштението од кабинетот на Вјоса Османи.