Дипломатскиот јаз меѓу Братислава и Киев се продлабочи поради одлуката на Украина да го прекине транзитот на руски гас преку Словачка и меѓусебните обвинувања во врска со енергетската политика, јави ДПА.
Словачкото Министерство за надворешни работи вчера соопшти дека го повикало украинскиот амбасадор Мирослав Кастран за да му пренесе „силен протест поради изјавите на украинските власти“.
Министерството ги осуди коментарите како „мешање во внатрешните работи на Република Словачка“, се вели во соопштението во кое имала увид ДПА.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна го критикуваше словачкиот премиер Роберт Фицо, обвинувајќи го дека ја претпочита Русија пред САД и западните сојузници со тоа што одбива да купи американски гас.
Претходно, Фицо го критикуваше Зеленски за неговата одлука да го запре транзитот на руски гас преку Словачка на почетокот на годината, потег што тој вели дека нанел значителна економска штета на Словачка.