Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Романија не регистрирала влез на руски проектил во нејзиниот воздушен простор

Романското Министерство за одбрана денеска соопшти дека противвоздушната одбрана на земјата не регистрирала влегување на руски проектил во нејзиниот воздушен простор, за време на големиот напад врз Украина ноќта меѓу 24 и 25 декември.

Како што јавија некои романски портали, портпаролот на романското Министерство за одбрана, Константин Спину, изјавил дека Украина ја информирала Романија за руска ракета која преку воздушниот простор на Молдавија околу две минути летала во воздушниот простор на Романија, но оти Романија тоа не го регистрирала.

Спину рече дека нема информации за руска ракета во воздушниот простор на Романија, во рамките на „податоците од мониторингот на романските системи за воздушно набљудување“ и податоците преку системот на НАТО кои го дополнуваат мониторингот.

Зачлени се на нашиот е-билтен