Русија и Кина се противат на војување во вселената и нуклеарна војна

Русија и Кина во заедничка изјава се спротивставија на обидите на поединечни земји да ја користат вселената за потенцијални вооружени судири, а исто така ја потврдија посветеноста на изјавата на лидерите на петте земји со нуклеарно оружје од 2022 година за спречување на нуклеарна војна.

– Се противиме на обидите на поединечни земји да ја користат вселената со цел вооружена конфронтација и ќе се противиме на безбедносна политика и активности насочени кон постигнување воена супериорност и официјално признавање и користење на вселената како борбен простор, се наведува во текстот на изјавата.

Покрај тоа, во изјавата се повикуваат земјите со нуклеарно оружје да преземат конкретни акции за да се спречат нуклеарна војна и трката во вооружување.

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг претходно денеска потпишаа повеќе од 20 документи за соработка, вклучувајќи изјава за продлабочување на сеопфатното партнерство и стратешка соработка меѓу двете земји.

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина и Русија треба да продолжат да ја продлабочуваат практичната соработка во различни области и да постават цврсти темели за сеопфатна стратешка соработка.

Зачлени се на нашиот е-билтен